Објавено на:

Светското е далеку: Македонските ракометари убедливо загубија од Фарските Острови

t

Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Торшавн од Фарски острови со 34-27 (18-14) во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со многу осцилации го одиграа првиот дел, дозволувајќи му на домаќинот во воведните 10 минути да стекне предност од плус пет голови (7-2), која Фарски Острови ја зачуваа до крајот на полувремето.

Македонските ракометари во вториот дел на моменти беа во негатива и од осум голови (18-26, 20-28) и ќе имаат тешка задача да ја надоместат разликата на дуелот во Скопје.

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…