СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

t

2026-та ќе биде тешка година за граѓаните, во буџетот нема пари за зголемување на платите на работниците, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за намалување на високите цени. – се вели во соопштението на СДСМ.

Веќе недостасуваат 1 милијарда евра. Сè е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. 

Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните.

Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, минималното зголемување на дел од пензиите на власта и треба само за купи мир до изборите. 

Се најавува купување електрични локомотиви а нема да има струја. Власта се расфрла со ветувања за мали деца само до изборите, сè заради гласови бидејќи ја губи поддршката од граѓаните од ден на ден. 

А потоа, кога сè ќе помине – од каде пари? Од договорите мигранти за пари. Шест милијарди за покривање на буџетските дупки и за уште 1.161 тендер, за ортаклукот на ВМРО-ЗНАМ и за испумпување пари од граѓаните.

Затоа 2026 година ќе биде тешка. По изборите сè ќе излезе на виделина. Тогаш проблемите ќе се „решаваат” со уште поголем проблем – мигранти. 

Веќе гледаме дека и со сè уште мал број мигранти, власта на ВМРО-ЗНАМ не е способна да обезбеди соодветна безбедност за граѓаните. Да се потсетиме само на неодамнешното демолирање на кампот за мигранти  во Табановце или тепачката за Нова година на плоштадот во Скопје.

Замислете што ќе се случи кога Македонија ќе ја наполнат со „економски работници”, поради кои се менуваше и Законот за странци. Кога ќе дојдат со дозвола за престој и работа, со обезбеден сместувачки капацитет и работно место… тогаш веќе нема ЕУ. Тука сме каде што сме – изолирани, како црна дупка, вратите на Европа повеќе не се отвораат.

Така ВМРО ја планира 2026 година. И не заборавајте: покрај шесте милијарди кредити што ќе ги отплаќаат нашите внуци, следуваат и 20.000 фунти по мигрант – неповратни средства. Но сите знаеме: кога нешто е „бесплатно”, секогаш чини многу повеќе. За почеток, помислете само колку ќе чини сместувањето за сите нив.

Да потсетиме: ова не се обични мигранти. Европската Унија ја менува Конвенцијата за човекови права, кај нас ќе доаѓаат оние што повеќе не ги сакаат во своите држави. Затоа да биде јасно на сите: нема место за ксенофобија, но има – за криминал и корупција. – додаваат од опозициската партија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година…

2026-та ќе биде тешка година за граѓаните,…

СДСМ оддаде почит на ликот и делото…

По повод 14 годишнината од смртта на…

Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна…

Последната фаза од кампањата на ВМРO-ДПМНЕ е…

Криминалната власт ја започна последната фаза од…

СДСМ: Јавното обвинителство мора да отвори предмет…

Јавното обвинителство не смее да молчи за…