Филипче со новогодишна честитка: 2026 да биде година на надеж, промени и правда
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати новогодишна честитка до граѓаните, посакувајќи им добро здравје, среќа и радост во 2026 година.
„Нека оваа 2026 година биде подобра година за секое семејство, за секој човек и за Македонија. Нека донесе нова надеж за промени и за подобра иднина, ослободена од криминалната група на власт“, порача Филипче.
Тој истакна дека СДСМ ќе продолжи со борбата за правда, подобар живот за граѓаните и јасна европска перспектива за државата.
„Заедно, обединети околу вредностите на социјалдемократијата, со нова сила и енергија ја продолжуваме борбата за правда, за подобар живот на граѓаните и за јасна европска перспектива“, нагласи претседателот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…