СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра и Мицкоски ги нарекува работниците хистерични
Соопштение на СДСМ
Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични.
Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.
Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.
Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат своите деца.
Сега, кога поскапе горивото, се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи. А тој дрско се однесува кон работниците и вели дека утре ќе барале 800 евра. Поради поскапувањата и тие ќе бидат малку.
Не е хистерија 600 евра плата Мицкоски, тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси…
Соопштение на СДСМ Срамна и безобразна е…
ДКСК: Нема судир на интереси кај Томовски…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…
СДСМ: 98 дена ДКСК молчи за криминалните…
Поминаа повеќе од 90 дена од првата…
Кузеска: Ги отпуштаат нашите работници, за да…
„Мицкоски лаже како и за се друго.…
СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…
СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8…