СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучат на протестот „Нема да не снема“

t

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да не снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. Како што истакна Филипче на прес-коференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните.

-И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко не потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку уште еден доказ за системскиот проблем за насилство врз жените, за неадекватна ракција на институциите и за нивниот неупсех да се справат со овој проблем. Ќе бидеме како граѓани заедно со граѓаните за да кажеме дека е доста од мртви жени и деца поради нереагирање на институциите – истакна Филипче.

Тој потенцира дека СДСМ не е дел од организаторите на утрешниот протест, туку нејзините членови и симпатизери само се приклучуваат како граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…