СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото

t

Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците. Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза. Сточарството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците, рече на прес-конференција Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ- стои во соопштението на СДСМ.

-Кризата дополнително се продлабочува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција.

Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Затоа прашуваме: каде се парите за земјоделците? Дали во Буџетот веќе ги нема?

СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото и посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма.

Ова што се случува е недозволиво!

Мицкоски го уништи земјоделството. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46 проценти, а земјоделците се оставени без заштита и без перспектива.

Хаосот е насекаде – кај сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите. Сите се соочуваат со исти проблеми: ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.

Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.

Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори- велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен…

Кризата со откупот на млеко се зголемува,…

СДСМ со програма за млади: 30.000 евра…

Прес конференција на СДММ, Бојан Цветаноски Вистина…

Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа…

„Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако…

СДСМ: Опозицијата нема да биде алиби за…

Соопштение за јавност Опозицијата нема да му…

СДСМ најавува зголемување на пензиите до 50…

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната…