СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе
Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми… сите со црвени пасоши на ЕУ.
Затоа и имате проблем со малцинствата во Уставот.
Затоа и ја блокирате Европа.
Затоа и не сакате да продолжат преговорите.
Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе.
Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите како штит за да ја заштитите криминалната империја и да продолжите со пљачката.
Македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.
Нема враќање назад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот –…
Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е…
Политико: Трамп отиде во Кина за да…
Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата…
(Фото) Мерцедес се заби во автобус на…
Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Мерцедес“ и…
АХВ: Официјален ветеринар потврди дека заловеното животно…
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и…
ЕСМ ја чека одуката за да се…
Правниот тим на ЕСМ е на штрек…