ЕСМ ја чека одуката за да се жали за запирање на истрагата за милионската набавка на мазут
Правниот тим на ЕСМ е на штрек и подготвува жалба за одлуката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за злоупотреби со набавка на мазут за Тец Неготино во време на енергетската криза од декември 2021-ва до средината на 2023-та година. Засега работат на слепо бидејќи се уште не ја добиле одлуката на Обвинителството и се потпираат на информации од јавноста, велат од ЕСМ.
„До овој момент, до АД ЕСМ сè уште не е доставено Решението од ОЈО ГОКК во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.
Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на Компанијата веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна Жалба, веднаш по официјалното примање на Решението.
АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на Компанијата“, велат од ЕСМ.
Кога ќе го примат решението за запирање на истрагата ќе имаат 8 дена да подготват жалба. Кривичната пријава беше за серија злоупотреби со набавките на мазут, а МВР кога ја поднесе лани во март тврдеше дека државата претрпела штета од над 167 милиони евра преку наместени постапки и транспортирање на мазутот до ТЕЦ Неготино. Пријавата беше и за перење пари, но обвинителството ја затвори истрагата бидејќи соопштија дека не се обезбедени докази за кривични дела и за финансиска штета.
Истрагата е запрена за Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски- сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулковски и уште 8 други осомничени. Телма ги контактираше адвокатите на Капушевски и на Јахоски и тие посочија дека досега или воопшто не го добиле решението или не го разгледале за да одлучат за наредните чекори бидејќи поради одлежаниот притвор имаат право и на отштета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ ја чека одуката за да се…
Правниот тим на ЕСМ е на штрек…
Педесетина заболени на крузер во Бордо, се…
Крузер со околу 1.700 патници и членови…
Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК…
Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи…
Филков: Одлуката за мазутот е удар врз…
Министерот за правда, Игор Филков, упати остра…
Јавна тајна е дека газдата имал заштита…
Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко…