СДСМ: Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција

t

Додека во Унгарија луѓето на Орбан масовно бегаат и префрлаат пари во Обединетите Арапски Емирати и други далечни земји, Никола Груевски, осудениот криминалец, подготвува ново бегство.

Груевски, кој поседува неколку пасоши, планира да избега во трета држава, токму како што СДСМ најавуваше со месеци.

А што прави Мицкоски? Сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, ниту ново барање.

Мицкоски сè уште не обезбедил да се поништат процесите против Груевски во Македонија, ниту го подготвил теренот за негово враќање. Знае дека ако го апси, ќе го изгуби рејтингот кај своите членови. Затоа го штити со сите сили.

Граѓаните гледаат многу јасно: Мицкоски не го враќа Груевски затоа што не сака да го врати.

СДСМ останува на ставот дека никој не е над законот, ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту нивните заштитници во Будимпешта.

Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски…

Додека во Унгарија луѓето на Орбан масовно…

Инспекторатот утврди пропусти: градилиштето не било обезбедено…

Државниот инспекторат за труд утврди сериозни пропусти…

Пукање на вечерата со дописниците од Белата…

Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата…

Нема да ме изненади ако Киев повторно…

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нема…

Црна Гора влегува во финална фаза –…

Црна Гора, која е кандидат за членство…