СДСМ: Груевски подготвува ново бегство – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција
Додека во Унгарија луѓето на Орбан масовно бегаат и префрлаат пари во Обединетите Арапски Емирати и други далечни земји, Никола Груевски, осудениот криминалец, подготвува ново бегство.
Груевски, кој поседува неколку пасоши, планира да избега во трета држава, токму како што СДСМ најавуваше со месеци.
А што прави Мицкоски? Сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција, ниту ново барање.
Мицкоски сè уште не обезбедил да се поништат процесите против Груевски во Македонија, ниту го подготвил теренот за негово враќање. Знае дека ако го апси, ќе го изгуби рејтингот кај своите членови. Затоа го штити со сите сили.
Граѓаните гледаат многу јасно: Мицкоски не го враќа Груевски затоа што не сака да го врати.
СДСМ останува на ставот дека никој не е над законот, ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту нивните заштитници во Будимпешта.
Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…