СДСМ: Две години водата во Гостивар не била за пиење, Мицкоски призна кривично дело

t

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со тоа што изјавил дека „верува оти за првпат после многу години граѓаните во Гостивар ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна”, всушност признал кривично дело.

Со оваа реченица премиерот призна дека повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле, две години молчеле додека граѓаните пиеле загадена вода. Водата во Гостивар сѐ уште не е целосно исправна. По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски. А министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште граѓаните чекат официјална потврда. Сѐ уште не се доставени ниту документите за тоа кој потпишал дека техничката водата е исправна за капење, додека граѓаните ја користат, се вели во соопштението од партијата.

Оттаму велат дека проблеми со небезбедна вода има во десетици други места низ цела Македонија.

Дали Мицкоски знаел и за другите места во Македонија? Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, додека им порачува на македонските граѓаните да летуваат во Македонија – на планините и езерата. Оди на екскурзија во Белгија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење а во Гостивар има епидемија на жолтица. За загадувањето на Лепенец и Вардар – нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа – јавно призна кривично дело, обвинуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Две години водата во Гостивар не…

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека…

Филипче: Во мое време немаше труење на…

Венко Филипче, претседател на СДСМ, на обвинувањата…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС криеле анализи за…

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога…

Не може да се прогнозира кога водата…

Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека…

Мицкоски и Филипче со меѓусебни обвинувања за…

Мицкоски и Филипче на денешната седница за…