СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

t

„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има.

По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.

Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.

Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.

Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.

Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува!“, се вели во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме интегрално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа…

„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на…

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието,…

„Собранието мора да одлучува за мигрантите а…

Општински совет е надлежен за миграциска политика…

*Објава на Фејсбук на Ивон Величковски: Општински…

Мециновиќ: Договорот за мигранти со Британија мора…

Во синоќешното гостување на ТВ24, пратеникот од…

ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит…

Со кредитот од 6 милијарди евра да…