СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите, ќе му го дадат руската и српската служба

t

Владејачката партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски бараат алиби за распишување предвремени избори, обвинуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку официјално соопштение. Од опозициската партија порачуваат дека нема да учествуваат во оваа, како што ја нарекуваат, „режирана претстава“ ниту пак ќе му дадат легитимитет на премиерот.

Од СДСМ тврдат дека Мицкоски избегнува да признае оти во буџетот нема пари поради, како што велат, трошење на криминални тендери и секојнеделни задолжувања кои ги надминале сите граници. Според партијата, земјата веќе нема можност за нови задолжувања без соодветни гаранции.

Опозицијата тврди дека Мицкоски ја исполнува руската и српската анти-ЕУ агенда за Македонија да остане надвор од Унијата, што му овозможува избегнување на европското обвинителство.

„Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски. Мицкоски е руски прокси-играч. Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција“,се вели во соопштението.

СДСМ обвинува дека се воведува „тешка српска медиумска артилерија“ преку групацијата АЛО и лиценцата за Еуроњуз, покрај веќе постоечките медиуми поврзани со унгарски капитал.

Во соопштението се нагласува дека изборите во земјава се планираат во исто време со оние во Србија, најавени од Александар Вучиќ, а како поткрепа за ова се посочуваат средбите на Иван Стоилковиќ со српската СНС.

СДСМ предупредува дека поради компромитираноста со бугарските пасоши во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, фокусот во кампањата ќе биде префрлен кон измислен противник меѓу Албанците.

„Мицкоски бара алиби за избори, но СДСМ јасно порачува дека нема да биде негово алиби. Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава“,се додава во партиското соопштение.

Од СДСМ сметаат дека Владата зад себе нема ниту еден конкретен резултат во економијата, земјоделството, образованието, здравството или во евроинтегративниот процес.

Прашањето за предвремени парламентарни избори изминатава недела го актуализираше премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ во секое време се подготвени да излезат.

„Ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш ние секогаш како влада сме подготвени да седнеме на лидерска средба, да договориме термин и да одиме на предвремени парламентарни избори“,рече тој.

Опозициската СДСМ на ова одговори оти нема да биде алиби на власта на премиерот Христијан Мицкоски за предвремени парламентрани избори и оти тие како партија својот став по однос на предвремени парламентарни избори го кажале повеќепати досега, а тој е дека нив ќе ги закаже премиерот, кој ја има апсолутната власт во државата. Избори, велат од СДСМ, власта ќе закаже кога ќе ѝ снема пари за коруптивни тендери.

Се огласија и од опозициската ДУИ од каде побараа позицијата на премиерот за предвремени избори веднаш да се спроведе. Од партијата на Ахмети дополнуваат дека доколку понудата на премиерот е сериозна, тогаш нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации. Велат дека се подготвени да одат на избори и дека сега Собранието треба да се распушти.

Вчера и од партијата Левица рекоа дека ја прифаќаат идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикаа на истите. Сметаат дека, можат да ги обединат сите кои сакаат општество поинакво од она што го нудат ДПМНЕ и старите политички елити. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите, ќе…

Владејачката партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски…

Од палење гуми во двор изби опасен…

Шумски пожар избувна во близина на делчевското…

Гостиварец осомничен за обид за силување на…

Четириесет и петгодишен гостиварец е осомничен дека…

Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…

Две лица се повредени во пукање во…

ВРЕДИ: Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори…

По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор…