СДСМ: Мицкоски денес го фали НАТО, а вчера беше против
„Христијан Мицкоски денес се фали со унапредување на соработката со НАТО. Тимчо Муцунски во Брисел изјави дека НАТО е „феноменална работа“ бидејќи покрај безбедноста на граѓаните, обезбедува и сигурност за странските инвеститори. Сепак, граѓаните не смеат да заборават дека до вчера ВМРО-ОКГ беше остро против влезот во НАТО“, велат од СДСМ.
„Истиот тој Мицкоски и неговата партија се противеа на членството во НАТО, исто како што денес се противат на европскиот пат.
Клучните државотворни одлуки во Македонија од членството во НАТО до евроатлантската ориентација – секогаш ги носеше СДСМ. Тоа беа неопходни одлуки за иднината на државата.
Денес, ВМРО-ОКГ и Мицкоски носат изолација, криминал и корупција. Наместо раст на инвестициите благодарение на безбедноста, имаме пад од 60 проценти поради нивните политики.
Наместо напредок, граѓаните добиваат економски колапс и ослободување на криминалци.
Наместо да ја штитат државата, тие ја штитат криминалната структура и го враќаат имотот стекнат со криминал назад во рацете на истата таа структура.
Мицкоски денес го фали НАТО сојузот, но неговата политика ја држи Македонија далеку од европските и евроатлантските структури. Тоа не е државотворност. Тоа е лицемерие и свесно уништување на перспективата на Македонија“, соопшти СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски денес го фали НАТО, а…
„Христијан Мицкоски денес се фали со унапредување…
СДСМ: Мицкоски им должи јавно извинување на…
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
СДСМ: Додека земјите што напредуваат кон ЕУ…
„Последните пораки од Европската Унија се најсилниот…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…