СДСМ: Додека земјите што напредуваат кон ЕУ добиваат неповратни милијарди евра за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити

t

„Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда. Додека Европската Унија на таканаречениот „супер вторник“ отвора нови кластери и поглавја со земјите кандидати, Македонија повторно останува надвор од европскиот пат. Украина и Молдавија ги отвораат преговорите, Црна Гора и Албанија напредуваат, а нашата држава не е дел од европската динамика“, велат од СДСМ преку соопштение.

Според партијата, ова е директна последица на однапред смислените политики на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо напредок, Македонија денес е заглавена, заложник на лажните ветувања на Мицкоски, неспособноста за државна политика и криминал. Оваа политичка изолација што ја направи Мицкоски има и сериозни економски последици.

Додека земјите што напредуваат кон Европската Унија добиваат милијарди евра неповратна европска поддршка за развој, Македонија се задолжува со нови милијарди евра кредити, а граѓаните живеат со сè пониски плати, пад на инвестициите и сè послаба економија, истакнуваат од СДСМ.

СДСМ потсетува дека Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Хрвтска досега има добиено 30 милијарди евра.

-Toa се пари за подобро образование, здравство, поддршка за земјоделците, силна економија и подобар животен стандард. Со блокада на европската иднина, Македонија ризикува да остане последна во регионот поради интересите на една криминална група која се плаши од правда и од Европа, стои во партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…