СДСМ: Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните за навредите
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија, наведува СДСМ во соопштение.
-Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци. Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња. Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер на држава. Уште помалку е достојно за човек кој се претставува како универзитетски професор, велат од СДСМ.
Според нив, ова е срамота и за институцијата која ја претставува и за државата која ја води.
-Особено што Мицкоски не застана сам во навредите туку беше поддржан. Заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ, во Собранието отворено псуеше пратеници, а Стоилковиќ физички се обиде да се пресмета со пратеникот Митко Трајчулески. Ова не е политичка расправа туку понижување на пратениците кои се претставници на граѓаните, како и на највисоката институција во државата. Мицкоски мисли дека едно изнудено изговорено „извинете“ во празна сала може да ги избрише сите овие навреди? Не може.
Граѓаните не се наивни и не може да ги излаже, велат тие.
Додаваат дека ова однесување е резултат на губењето на поддршката и на падот на рејтингот, кој самиот си го предизвика со секојдневните лаги, со немањето никаков резултат и со тоа што ја води државата во изолација и економски колапс.
-Христијан Мицкоски должи јавно и искрено извинување на граѓаните на Македонија. Сè додека тоа не го направи, ќе остане запаметен како премиер кој наместо да ги обединува граѓаните, ги навредува и ги понижува, велат СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски им должи јавно извинување на…
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
СДСМ: Додека земјите што напредуваат кон ЕУ…
„Последните пораки од Европската Унија се најсилниот…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната…