СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода – ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен

t

Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата, обвинуваат од опозициската СДСМ.

„Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка. Зошто? Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара Мицкоски, бидејќи потоа би можел кривично да одговара. Наместо стручните лица и институции, јавноста ги слуша „експертите“ на власта:

•  Клековски – НВО менаџер

•  Христијан Мицкоски – машински инженер

•  Панче Тошковски – правник

•  Стојанче Ангелов –  полицаец/специјалец

Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење. Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè. Кога треба да се превземе одговорност – нема експерт, нема институција, нема потпис. Кога треба да се избегне одговорност, има прес-конференции и изјави без покритие. Повеќе од еден месец луѓе се трујат. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А државата сè уште нема капацитет да издаде еден единствен стручен наод. Граѓаните на Гостивар не бараат политички изјави. Бараат чиста вода и одговорност. Досега го нема ниту едното, ниту другото“, се вели во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е…

Повеќе од четири недели Гостивар е без…

Оман: Конструктивни преговори за условите за пловењето…

Оман соопшти дека преговорите за условите за…

Се урна балкон од напуштена куќа во…

Во населбата Печине во Риека, Хрватска вчера…

Цената на златото повторно расте: Поскапе 2,38…

Цената на златото во петокот забележа значителен…