Објавено на:

Оман: Конструктивни преговори за условите за пловењето во Ормутскиот теснец

t

Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормутскиот теснец се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА.

Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите.

Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормутскиот теснец повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, кој ги зема предвид интересите на сите страни“.

Оман и Иран со недели водат разговори за да најдат решение за прашањето за регулирање на превозот преку клучниот морски пат, кој игра важна улога во глобалното снабдување со енергија, потсетува ДПА.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторуваше дека Вашингтон исто така учествува во разговорите – тврдење што Техеран го негира.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека Техеран и Мускат се блиску до постигнување договор за нов механизам за регулирање на превозот во Ормутскиот теснец. Оман, исто така, ги осуди повторните напади врз бродовите што минуваат низ теснината, опишувајќи ги како „кршење“ на меѓународното право и територијалните води, како и закана за безбедноста на пловењето на бродовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека лидерката…

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените…

Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки…

Виткоф: постигнат дипломатски напредок во напорите за…

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, по денешната…

Првични извештаи за засилена активност на израелската…

Засилена активност на израелското воено воздухопловство е…

(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу…

Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана…