СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител – бизнис мрежата на Мицкоски
Соопштение за јавност
Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката – систем во кој се испреплетени политиката и бизнис интересите.
Овој енергетски „октопод“ се протега од Душан Адамовиќ, функционер на сестринската СНС, преку офшор структури и „Rudnap Group“, до директни врски со Владата преку Божиновска.
Мрежата продолжува во клучни институции: во Развојната банка, каде е поставена Ефимија Димовски, сопруга на негиовиот партнер од хидроцентралите. Потоа во РЕК Битола, каде директор е Иван Куковски – семеен пријател на Мицкоски.
И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.
Сè е поврзано. Сите алки се на место. Се затвора кругот од производство и увоз на струја, преку финансии, до носење одлуки за цените.
Го потсетуваме новиот Јавен обвинител: поминаа три месеци без никаква реакција на сериозните индиции за криминалните тднери.
Време е за постапување.
Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.
Да не чекаме уште три месеци. Време е за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Уште еден предмет за новиот обвинител…
Соопштение за јавност Антикорупцискиот тим на СДСМ…
СДСМ: Од лошо-полошо – Пад на индустриското…
Соопштение за јавност Од лошо – полошо.…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со јавноста преку српска…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ користи странска ПР…
СДСМ по апсењето на Анакиев: Кој од…
СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето…
СДСМ: „Извештајот на „Фридом хаус“ е потврда…
Соопштение за јавност Последниот извештај на „Фридом…