Се бара притвор за кумановец кој со клоци и тупаници ја тепал сопругата
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил неговата сопруга.
„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал сериски фрактури на три ребра“, соопшти ОЈО Куманово.
Тој е осомничен за кривичното дело Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бара притвор за кумановец кој со…
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка…
Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста…
Лондон и Париз неделава ќе имаат состанок…
Села формира нова партија „Албански сојуз“
Доскорешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин…
Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ
Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски…
19-годишен државјанин на Турција падна од балкон…
Деветнаесетгодишен државјанин на Турција е тешко повреден…