19-годишен државјанин на Турција падна од балкон во Карпош, тешко повреден

t

Деветнаесетгодишен државјанин на Турција е тешко повреден откако паднал од балкон на зграда на подрачјето на Карпош во Скопје.

Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен вчера во 15:40 часот. Станува збор за К.А.Е. (19) од Република Турција.

Повредениот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

World Population Review: Македонија на прво место…

Според листата пренесена во мај годинава, 39,5…

Брент ја проби границата од 107 долари:…

Цените на нафтата значително пораснаа втор ден…

Бугарија ќе ги добие посмртните останки на…

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање…

Снајперски пушки и знамиња со ИСИС –…

Шест лица се уапсени во Скопје и…

Фон дер Лајен в петок доаѓа во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…