Се огласија од тимот на Кајмакоски: “Веста за киднапирањето е точна. По ноќта помината во полиција, сега е дома“
Утрово српските медиуми објавија вест дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград од непознати лица, кои му барале пари за да ослободат. По објавувањето на веста во медиумите се огласија од неговиот тим.
“Веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна. Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.
Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.
Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица. Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.
Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него.“, напиша неговата ПР-менаџерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од тимот на Кајмакоски: “Веста…
Утрово српските медиуми објавија вест дека македонскиот…
Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, тврдат…
Десетина српски портали објавија дека македонскиот пејач…
Вучиќ: Делегацијата на ЕП доаѓа во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Протести во Белград и Ниш: „Година дена,…
Денеска во Ниш и во Белград се…
Убиен водачот на навивачката група на Партизан…
23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен…