Протести во Белград и Ниш: „Година дена, исто барање“
Денеска во Ниш и во Белград се одржа протестот „Година дена, исто барање“. И покрај дождот, граѓаните одржаа 16-минутен молк пред трговскиот центар „Делта“ и така го завршија протестниот собир.
На граѓаните им се обратија студенти кои изјавија дека никој не се надевал оти протестите ќе траат толку долго, но дека сепак протестите ја променија историјата на Србија.
Порачаа дека и вечерва се собрале за да покажат дека за една година, власта не успеа да ја избрише силата, ниту да ја згасне волјата на студентите во борба за правда како и дека „силата нема да ги замолчи“.
Нема да запреме додека барањето не ни биде исполнето, се додека правдата не биде достижна за асекој, а не да биде привилегија за поединци, порача еден од студентите, а пренесува „Данас“.
Како што јавува репортерот на Н1 од Ниш, по говорот на студентите пред просториите на СНС, одржана е протестна поворка до ТЦ Делта каде во чест на загинатите во падот на натстрешницата во Нови Сад, е одржан 16-минутен молк.
Освен сообраќајната полиција, која го обезбедуваше протестот, присутни биле и полицајци во цивилна облека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…
Трагедија во САД: Семејството Дончеви од Масачусетс…
Тргнале на семејна прослава и отидоа во…