Се смирува атмосферата во Косово?

t

Владата на Србија побара од сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма на Денот на жалост во среда, 27 септември, и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се наведува во соопштението на Владата на Србија.


Во судир со тројца Срби, Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ, Бојан Мијаиловиќ беа убиени од косовската полиција во неделата во селото Бањска, а загина и еден полицаец.
Во српските заедници во покраината е прогласена тридневна жалост.
Во косовската полиција, по конфликтот во неделата, уапсени се осум Срби. Во местата со доминантно српско население, граѓаните се собираат да запалат свеќи и да им оддадат почит на загинатите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради трагичните настани на Косово, оствари голем број значајни средби и разговори, меѓу кои и средба со амбасадорите на Квинта и разговор со високиот функционер во Стејт департментот, Дерек Шоле.
Ден на жалост е прогласен и во Република Српска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…

„Македонско девојче“ беше една од песните со…

Дачиќ: МВР овозможи непречено одвивање на железничкиот…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…

Вучиќ најави обраќање во 11 часот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе им…

(Видео) Тепиќ: Полицијата тргна на народот како…

Заменик-претседателката на ССП, Мариника Тепиќ, која ја…

Српските кошаркари освоија бронза на Олимписките игри…

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките…