Објавено на:

Семјеството Јовановски имале досие во центарот за социјална работа, но немало пријава за семејно насилство

t

Недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот, утврдиле инспектори од инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади, во врска со случајот во кој мајка и ќерка при пад од зграда во Карпош го изгубија својот живот.

Во текот на надзорот инспекторите ја контатирале фактичката состојба во делот на постапување на двете постапки што се водат во Центарот-постапка за развод и семејно насилство.

Министерство за социјална политика, демографија и млади

„При надзорот, утврдени се недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот, за што се води соодветна постапка и изрекување на инспекциски мерки во согласност со Законот. Во натамошниот тек на инспекциската постапка, ќе се преземат соодветни активности од страна на инспекторите, во согласност со Законот.“

Официјално од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје за Тв 24 велат дека за првпат Центарот се запознава со семејството Јовановски кога до нив е доставено барање за бракоразводна постапка и немало пријава од страна на Ивана за поведување на постапка за заштита од семејно насилство.

Но, според извори на Тв 24 во ноември минатата година биле повикани и двајцата по однос на постапката за развод, но по една недела самоиницијативно побарале истата да се повлече. Прво Ивана дала изјава, а по десетина дена и Стојанче-самоиницијативно изјавиле дека одлучиле да продолжат да живеат заедно и не сакаат да се разведат.

Сепак од Центарот официјално потврдуваат дека до нив е пристигнато известување од МВР за прекршок против јавен ред и мир.

ЈУ МЦСР Скопје

„Центарот е информиран единствено преку допис од МВР, односно известување за констатиран прекршок по член 12 став 1 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а без соодветен поднесок за сторено семејно насилство како и записник за пријава на истото.“

Од Институтот за судска медицина за Тв 24 велат дека обдукцијата на телата на мајката и ќерката е завршена.

Вчера, судот по предлог на јавен обвинител му определи 48 часовен притвор на Стојанче Јовановски. Осомничен за наведување на самоубиство, нанесување на тешки телесни повреди и за загрозување на сигурноста.

Од МВР вчера соопштија дека и во изминатите години против него биле поднесени 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога, за што бил под мерки на претпазливост. Се истражува и постапувањето на полцијата во случајот. МВР ќе утврдува дали повлекувањето на изјавите на жртвата било под присила.

Обвинителството истражува дали имало пропусти во постапувањето на институциите кои се надлежни.

Според граѓанските организации трагичната смрт во Карпош го разоткри хроничниот институционален застој, за што бараат темелна истрага и утврдување на одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семјеството Јовановски имале досие во центарот за…

Недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот,…

Хегсет: Американска подморница потопи ирански воен брод…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на…

Кина испраќа специјален пратеник да посредува во…

Кина ќе испрати специјален пратеник на Блискиот…

Арагчи: Трамп ја изневери дипломатијата и на…

Иранскиот министер за надворешни работи – Абас…

Паника на пумпите во Србија: Возачи точат…

Горивото станува тема број еден кај соседите.…