Објавено на:

Кина испраќа специјален пратеник да посредува во конфликтот на Блискиот Исток

t

Кина ќе испрати специјален пратеник на Блискиот Исток да посредува во конфликтот кој непрекинато се заострува, потврди денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговори со неговите колеги од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Ванг, како што наведува министерството, во разговор со саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, ја пофали воздржаноста на Саудиска Арабија и нејзината инсистирање за мирно решавање на несогласувањата.

Во одвоен разговор со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, Ванг рече дека „црвената линија“ за заштита на цивилите во конфликти не смее да се премине.

Тој нагласи дека невоените цели не треба да бидат нападнати, вклучително и енергетските цели, и повика на заштита на безбедноста на поморските патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…

(Видео) Русија масовно го нападна Киев, најмалку…

Бројот на жртви од масовниот руски напад…

Мала Преспа е доказ дека границите не…

Чест ми е што денеска сум меѓу…

Двегодишно дете заврши во болница во Куманово…

Двегодишно дете вчера завршило во кумановската болница…

Мицкоски: Правата на Бугарите во Македонија се…

„Политиката се темели на разговори. Јас сум…