Серија напади во Скопје: Жена претепана од синот, тепачки во казнино и пред кафана
Шеесет и едно годишна жена од скопско пријавила во полиција дека во семејниот дом била физички нападната од својот син, кој при нападот користел и тврд предмет.
Ова е само еден од серијата инциденти регистрирани во изминатото деноноќие. За семејно насилство интервенирала полицијата и на подрачјето на Бит Пазар, каде е лишен од слобода 26-годишен скопјанец. Тој е приведен откако неговата партнерка пријавила дека околу 15:00 часот физички ја нападнал.
Насилство со употреба на тврди предмети е регистрирано и рано утрово во Сарај. Во 04:00 часот, 34-годишен жител пријавил дека половина час претходно бил нападнат од лице од селото Љубин.
Полицискиот билтен бележи и инциденти на јавни места. Во Кисела Вода 66-годишник бил нападнат во казино, во Гази Баба 33-годишен арачиновец бил претепан пред угостителски објект, а во Карпош е регистриран напад по претходна расправија.
Полицијата информира дека за сите случаи се преземаат мерки за утврдување на фактите и идентификација на сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Серија напади во Скопје: Жена претепана од…
Шеесет и едно годишна жена од скопско…
Пензионерка го нарече Мерц „мал нацист“, полицијата…
Германските медиуми денес објавија дека германскиот канцелар…
Три млади девојки подметнале 18 пожари „од…
Виенската полиција откри серија пожари што предизвикаа…
СДСМ: (Докази) Го следиме трагот на парите:…
Скандалот со семејната фирма на Томовски која…
Лишени од слобода возачи од Кичево и…
На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот…