Објавено на:

Сестрата на Ким ѝ се закани на Јужна Кореја со „највознемирувачка ситуација“

t

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, денеска предупреди дека Северна Кореја во наредните денови ќе постави звучници за пропаганда долж целата граница со Јужна Кореја и ќе подготви дополнителни контрамерки.

Таа се закани дека Јужна Кореја ќе се соочи со „најстрашна и највознемирувачка ситуација“ доколку продолжи со, како што тврди Пјонгјанг, мешањето во внатрешните работи на Северна Кореја, објави „Ројтерс“.

Нејзиното предупредување доаѓа откако вчера ги обвини јужнокорејските војници дека емитуваат предупредувачки пораки и дека пукаат во близина на границата.  Таа вчера ги посети граничните утврдувања заедно со високи воени претставници и најави дека звучниците ќе бидат активирани до крајот на октомври.

Јужна Кореја потврди дека нејзините војници испукале предупредувачки истрели, но ги оцени како „легитимни и одбранбени мерки“.

Ким предупреди дека севернокорејската војска „немилосрдно ќе ги елиминира“ јужнокорејските сили доколку нивните истрели предизвикаат штета на севернокорејска територија или повредат некого.

Јужнокорејската војска и Министерството за обединување ја повикаа Северна Кореја да се врати на преговорите. Министерството за одбрана во Сеул предупреди дека ќе одговори со соодветни мерки доколку Пјонгјанг ги оствари заканите, но засега не донело конкретна одлука.

Новите закани ја отежнуваат намерата на јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг да ги намали тензиите со Северна Кореја. Од неговото доаѓање на власт во јуни минатата година, ова е највисокото ниво на напнатост долж силно обезбедената граница.

Двете земји со години користат звучници за да емитуваат пропагандни пораки преку границата. Јужнокорејските емисии вклучуваат вести и популарна К-поп музика, што го нервира Пјонгјанг и често предизвикува возвратни реакции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгореа канцеларии на српското обвинителство за организиран…

Неколку канцеларии на последниот кат од зградата…

Кореја донираше осум електрични возила за Министерството…

Министерството за здравство, со поддршка од Владата…

ДКСК проследи повеќе изборни пријави до ЈО

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште против…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…

Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…