Сејдини оди во притвор

t

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини оди во 30-дневен притвор, откако скопскиот Кривичен суд ја прифати предложената мерка на Основното јавно обвинителство.

Мерката притвор, како што појаснуваат од Кривичен, е определна поради сомнение дека сторил кривично дело проневера во службата.

Според Судот, притворот е определен поради опасност од бегство и можноста од влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.

„Судот ќе продолжи да постапува согласно законските надлежности и во интерес на ефикасно и законито водење на постапката“, стои во соопштението.

Сејдини беше уапсен вчера утрото. Обвинителството покрена истрага за експретседателот на ФФМ и побара мерка притвор поради сомнение за проневера во службата во висина од околу 660.000 евра.

„Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура. Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата ‘HatTrick VI’, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион ‘Билјанини Извори’ во Охрид и дал предлог за отпочнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ“, соопштија од Обвинителството.

Од Обвинителството информираа и дека иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот, спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа, не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс.

„Осомниченот го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице“, рекоа од Обвинителството.

МВР додаде и на кој начин Сејдини наводно го извршил кривичното дело.

„Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс, го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го киднапирале, па му рекле дека ќе…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…

Продолжен притворот за ќерката која со чекан…

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…

УЕФА го осуди нападот врз претседателот на…

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го осуди нападот врз…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…