СЗО: За четири години никаде во светот нема да има доволно доктори и медицински сестри
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека светот до 2030 година би можел да се соочи со недостиг на медицински кадар, бидејќи една четвртина од лекарите се очекува да се пензионираат во следната деценија, објави „Ројтерс“.
„Во многу земји, и населението и здравствените работници стареат истовремено. Ова може дополнително да го влоши проектираниот глобален недостиг од 11,1 милиони здравствени работници до 2030 година“, се наведува во соопштението на СЗО, во кое се анализирани податоци од повеќе од 100 земји.
Според проценките на СЗО, до 2030 година во 67 земји нема да има доволно медицински кадар за да се одржат сегашните стандарди на здравствена заштита.
За да се задржи сегашниот број на здравствени работници во однос на населението, ќе бидат потребни дополнителни 832.000 работници во здравствениот сектор.
Најмногу ќе бидат погодени земјите со високи приходи, меѓу кои и голем број европски земји, каде што медицинскиот кадар е постар. СЗО проценува дека во овие земји еден од тројца лекари ќе се пензионира во следните 10 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: За четири години никаде во светот…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека…
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…
Европа би можела да биде погодена од…
Горештините се закана по јавното здравје и…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
СЗО се сомнева дека има повеќе од…
Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…