Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со големина до 6 сантиметри
Силно невреме проследено со град погоди делови од западна и северозападна Швајцарија, предизвикувајќи материјална штета, прекини во снабдувањето со електрична енергија и проблеми во сообраќајот.
Според SRF Meteo, регистрирани се околу 46.000 молњи, додека во некои области дијаметарот на градот достигнал до 6 сантиметри.
Во Шафхаузен биле измерени ветрови со брзина до 142 километри на час, додека во Халау биле регистрирани 23 милиметри дожд за само 10 минути.
Солотурн бил меѓу најпогодените подрачја, каде што властите добиле повеќе од 200 пријави за материјална штета. На автопатот А1, камион се превртел и завршил врз комбе.
Невремето предизвикало и уривање на електрични столбови, оштетувања на покриви и прекини во железничкиот сообраќај, додека метеоролозите предупредуваат на нови врнежи и невреме во некои делови од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…
Силно невреме проследено со град погоди делови…
Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…
На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…
Швајцарија сака да го ограничи бројот на…
Во Швајцарија се дискутира за горната граница…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…