Син ја нападнал мајка си фрлајќи предмети од покуќнината

t

Четириесет и едногодишен гостиварец е лишен од слобода по пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка и ја повредил.

– На 22.09.2026 во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф.(41) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка, а фрлал остри предмети и други предмети од покуќнината кон неа и ѝ нанел повреди, соопшти МВР.

Х.Ф. бил задржан во полициска станица, а при преземањето мерки било утврдено дека имал 1,54 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син ја нападнал мајка си фрлајќи предмети…

Четириесет и едногодишен гостиварец е лишен од…

ТРАГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Усмртен 47-годишен пешак

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР…

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера…

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти детали…

Безживотно тело најдено на Шар Планина

Околу 17 часот и 30 минути од…