Сиљановска-Давкова: Да се ограничи двојното државјанство за високи функционери

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека ограничувањето на двојното државјанство не треба да важи само за пратениците, туку и за други високи државни функции, вклучително и претседателот, премиерот и министрите.

Таа појасни дека Уставот и законите дозволуваат двојно државјанство, но оти постои правна можност тоа да се ограничи за одредени функции од безбедносен и државен интерес.

Како пример, ја посочи праксата кај амбасадорите и директорот на Агенцијата за национална безбедност, каде веќе постојат вакви ограничувања.

Сиљановска-Давкова истакна дека евентуалното ограничување не значи укинување на правото на двојно државјанство, туку обврска тоа да престане во моментот на стапување на функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курдите во Сирија првпат добија државјанство и…

Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет…

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Сè повеќе Турци земаат германско државјанство

Германија станува сè попривлечна за луѓето од…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Путин потпиша: Олеснето државјанство за странците кои…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ…