Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој оцени дека таа „паднала на испит“ во Словенија и дека со своите ставови ја слабее македонската позиција во евроинтеграциите.

На новинарско прашање како ги коментира тие изјави, Сиљановска-Давкова рече дека никогаш во животот не паднала на испит.

„Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит, ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика. Значи, со највисок успех“, изјави претседателката.

Таа посочи дека во Словенија говорела на научен јазик и дека темата била уставниот инженеринг, при што Македонија била студија на случај.

„Пред мене беа сите членови на мојата докторска комисија, иако се тоа луѓе со многу години, моите колеги исто така, амбасадори, јас говорев на научен јазик, говорев за уставниот инженеринг којшто не е нов феномен, којшто е стар феномен, меѓутоа студијата на случај се разбира беше мојата земја“, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката нагласи дека секогаш ги бранела националните интереси и дека не се чувствува инфериорно во однос на другите држави.

„Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не доликува, секогаш сум ги бранела националните интереси, преку политика заснована на докази, никаде не се чувствувам инфериорно“, кажа таа.

Додаде дека нејзината заложба е Македонија да биде третирана еднакво како и останатите држави во Европа.

„Она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави“, изјави Сиљановска-Давкова.

Во однос на Европската унија, претседателката рече дека често потсетува на основните европски принципи и вредности.

„Уставното право е мојата страст. Европската унија нема кодифициран устав, но има уставни документи, јас сум предавала и европско уставно право и се разбира дека повикувам на основните принципи и вредности коишто се толку важни за Европската унија, што за нив има и судска заштита“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот…

Опасен воздушен инцидент над Црното Море: Руски…

Нова безбедносна криза над Црното Море ја…

Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не…

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето…

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно…

Времето утре, на повеќе места ќе биде…

Во закопано буре наводно е пронајдено телото…

Тело за кое се сомнева дека му…