Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција.
Според Филипче, актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија.
Тој вели дека посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, во Македонија, која ќе се реализира непосредно пред самитот за Западен Балкан во Подгорица, е уште еден сигнал дека проширувањето повторно е високо на агендата на Унијата.
„Апелирам да му кажеме на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б, постои само еден план А, а тој план е Преговарачка рамка којашто е веќе усвоена од сите земји членки на Европската унија“, кажа Филипче.
Смета дека ова е еден од пресудните временски периоди кога проширувањето на Европската Унија е високо на приоритетната листа.
„Очигледно е дека по повеќе параметри станува збор за еден од пресудните временски периоди во коишто проширувањето на ЕУ дефинитивно и со конкретни чекори е високо на приоритетната листа на Унијата. Веќе се разговара за конкретни модели почеток на процеси коишто ќе значат придружување на Украина, на Молдавија, понатаму активирање на повторно иницирање на референдумот во Исланд за да се продолжат преговорите“, изјави Филипче.
Филипче посочи дека и земјите од Западен Балкан веќе прават сериозни исчекори во евроинтегративниот процес и предупреди дека Македонија не смее да остане надвор од пакетот за прием.
„Веќе е формирана комисија којашто го пишува пристапниот договор за Црна Гора, напредокот на Албанија. Веќе се разговара за буџетирањето во Европската Унија, и тоа се периоди од седум години. Ако не влеземе во овој план на Европската Унија, тогаш вратите очигледно е дека ќе бидат затворени“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го повика премиерот Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени, заради иднината на младите и државата.
„Апелирам до премиерот Христијан Мицкоски заеднички ја преземеме одговорноста и ја споделуваме одговорноста за спроведување на уставните измени и понатаму за текот на преговори и за каков било предизвик со којшто ќе се соочиме. Да не го испуштиме моментот. Ќе останеме надвор од сите процеси. Ќе останеме слепо црево на Балканот. Ќе останеме без буџети. Нема да имаме од што да преживееме овде во државата. Младите сите ќе заминат оттука ако запре овој процес вака“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека сите политички чинители треба заеднички да работат на процесот на евроинтеграции и додаде дека не постои ризик за македонскиот идентитет.
„Не постои ризик по ниту една идентитетска одредница. Доколку сега го пропуштиме овој воз, ја пропуштиме оваа можност. Апелирам да му кажеме на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека ќе го направиме следниот чекор, дека ќе ги направиме уставните измени, имајќи предвид дека пред една година, кога претседателот Кошта беше тука и јасно кажа, не постои план Б“, потенцира тој.
Филипче повика државата да испрати јасна порака до европските институции дека ќе ги направи сите потребни чекори за да продолжи европскиот пат.
„Денеска видовме уште еден сигнал којшто е сигнал дека постои волја за проширување во Европската Унија. Тоа е нон-пејперот од германскиот канцелар Мерц. Иако има луѓе коишто не се согласуваат со тоа, а тоа е постепено членство, учество во институциите на ЕУ, и тоа не е дефинитивен документ којшто е усвоен од Европската Унија и очигледно нема да биде усвоен затоа што има несогласување“, додаде Филипче.
Тој упати апел до премиерот Христијан Мицкоски да не го користи овој нон-пејпер како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори за кои, како што рече дека сите укажуваат, не може да бидат променети.
„Ја споделуваме одговорноста. Да ги направиме уставните измени и после тоа седиме заедно на маса, додека траат преговорите, додека се отвораат и затвораат преговорите по поглавјата“, рече Филипче.
Инаку, германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо до лидерите на Европската Унија повикува на иновативни решенија за забрзување на процесот на проширување, ставајќи посебен фокус на Украина, но и на земјите од Западен Балкан и Молдавија, пренесува порталот „Европски Западен Балкан“.
Писмото e испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателот на Кипар, кој моментално претседава со Советот на ЕУ, Никос Христодулидес.
Предлогот на Мерц се испраќа само неколку недели пред самитот на Западен Балкан во Црна Гора на почетокот на јуни.
Во писмото, Мерц предлага нова динамика на пристапување во ЕУ за сегашните кандидати – Украина, земјите од Западен Балкан и Молдавија. Ова, како што пишува, е поради тоа што проширувањето на Европската Унија е геополитичка неопходност, но и процес што трае премногу долго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не…
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето…
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно…
Времето утре, на повеќе места ќе биде…
Во закопано буре наводно е пронајдено телото…
Тело за кое се сомнева дека му…
Чамова пред утрешната средба со Муцунски порачува:…
Европската интеграција на Македонија зависи од спроведувањето…
Министерство за правда: Разгледани се сите препораки…
Работната група за реформи во Изборното законодавство…