Сиљановска Давкова: Како врховна командантка се гордеам со нашата Армија, важен актер во НАТО

t

Нашиот влог во Алијансата е истовремено и влог во Армијата, во бедемот на територијалниот интегритет и независноста на нашата Република, рече претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова на свеченоста по повод 5. годишнината од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, што се одржува во касарната 2Илинден“ во Скопје.

Сиљановска Давкова укажа дека како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност. Најави дека ќе продолжиме да придонесуваме за мирот преку учеството во мировните мисии, предводени од НАТО и од Обединетите нации, како и дека ќе се усогласуваме со НАТО-стандардите и со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија.

Претседателката рече оти верува дека и покрај одредени недоразбирања, трансатлантската соработка, базирана на меѓународни правила и принципи ќе продолжи да биде темелот и гаранцијата на европската и евроатлантската безбедност и стабилност и оти ние ќе продолжиме да чекориме и дејствуваме во заедничката насока.

Претседателката на почетокот од обраќањето наведе дека петтата годишнина од нашето членство во НАТО ја одбележуваме во сенката на големата трагедија во Кочани, што потецираше, на ужасен начин нѐ потсети дека безбедноста на граѓаните е една од основните задачи на државата. Укажа дека успешната битка за животот на повредените од страшната трагедија не беше можна без импресивната хуманост и солидарност на државите, народите и граѓаните од регионот, но и многу пошироко, како и од активираниот европски систем за цивилна заштита, но исто така и на НАТО за што сме им бескрајно благодарни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Како врховна командантка се гордеам…

Нашиот влог во Алијансата е истовремено и…

Додик пристигнал во Србија?

Авионот на владата на Република Српска, кој…

Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката…

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја…

„Прерано е за концерт“: Бијело дугме го…

Во овие чувствителни моменти, сметаме дека е…

Се огласи градоначалникот на Истанбул кој е…

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е…