Се огласи градоначалникот на Истанбул кој е во притвор: Мојот адвокат е приведен, барам да биде ослободен
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е притворен, денеска изјави дека неговиот адвокат е уапсен и побара итно да биде ослободен. Новинарските здруженија, пак, соопштија дека уште две новинарки се уапсени поради известување за протестите.
„Овој пат, мојот адвокат Мехмет Пехливан е уапсен, а причините за неговото апсење се измислени,“ напиша на мрежата X опозицискиот градоначалник на Истанбул, кој беше сменет од функцијата и притворен во неделата.
Утринава уапсени се и две новинарки кои известувале за демонстрациите што ја потресуваат Турција од апсењето на Имамоглу на 19 март. Турскиот синдикат на новинари (TGS) соопшти дека тие биле приведени во зори.
Десет новинари, кои беа уапсени и затворени претходно оваа недела, беа пуштени на слобода вчера, меѓу нив и фотограф на агенцијата Франс прес.
Властите, соочени со бран на протести без преседан од 2013 година, вчера соопштија дека од 19 март уапсиле вкупно 1.879 лица.
Од нив, 260 се во притвор, додека повеќе од 950 се ослободени, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…