Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург – ќе говори на сесијата „Дали Европа сè уште е глобален играч?“

t

Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер, и со гувернерката на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер. Претседателката ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

На самитот таа ќе говори на сесијата насловена „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер, и со гувернерката на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер. Претседателката ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

За време на престојот во Австрија, таа ќе ја посети и македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн.

Европскиот самит се организира секоја година од Институтот на регионите на Европа и ги обединува политичките претставници, дипломатите, експертите и претставниците на деловниот сектор.

Годинава самитот се одржува под мотото „Европа – суверен глобален играч?“, а разговорите ќе бидат насочени кон европската безбедност, економската конкурентност, демографските предизвици и кон натамошното проширување на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…