Сиљановска: Убедена сум дека Радев ќе биде успешен премиер, како што беше претседател

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска повторно говореше за новиот бугарски мандатар на влада, Румен Радев и можноста да се разговара за него за откочување на македонскиот евроинтегративен пат. Рече дека добро го познава како екс-претседател на Бугарија и кажа: „Убеденa сум дека ќе биде успешен премиер, како што беше претседател“.

Сиљановска информира дека веднаш по последните бугарски избори, го контактирала Радев преку порака, но и дека телефонски разговарале.

-Изразивме спремност за разговори. Мислам дека само тој автентично да ви одговори што можеме да направиме понатаму или со премиерот. Самото тоа што веќе имаме една стабилна влада зад која што стои огромното мнозинство на граѓаните, покажува дека има шанса навистина да разговарате со некој што е легитимен претставник на граѓаните. Со нестабилните влади, многу потешко беше тоа да се зборува, кажа шефицата на државата.

„Прогресивна Бугарија“ на Радев очекува да има редовна влада во Бугарија до средината на мај, а фокусот веднаш ќе се префрли на итни институционални и финансиски прашања, според најавите од Софија. Засега нема најави дали и кога повторно би се остварила средба со највисоките државни претставници на македонската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…