Објавено на:

Скопјанец со нож го убил таткото, кој бил под дејство на алкохол ја нападнал мајката

t

Синоќа е уапсен скопјанец кој со нож го убил својот татко. Претходно таткото, кој бил под дејство на алкохол, ја нападнал мајката на уапсениот.

– На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко. 

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, објави МВР. 

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец со нож го убил таткото, кој…

Синоќа е уапсен скопјанец кој со нож…

Растат тензиите околу Ормутскиот теснец, САД и…

Во рок од неколку часа од новите…

ТИТО БЕЛИЧАНЕЦ ВОЗНЕМИРЕН, БИЛ НАВРЕДЕН ОД АДНАН…

Професорот Тито Беличанец, поранешен потпретседател на преодната…

(Видео) Трагедија во Бангкок: Пожар во преполн…

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од…

Мотоциклистот е повреден, увидот трае – МВР…

Мотоциклистот во кој утрово удри автобус кај…