Скопје и Македонија се гушат во отрови – воздухот екстремно нездрав
Скопје и Македонија и понатаму на топ листата каде граѓаните дишат отровен воздух. Граѓаните револтирани што постојано слушаат една иста децениска позната фраза „ не може преку ноќ да го решиме проблемот“ со загадениот воздух.
Граѓаните револтирани дека се изложени на отров кој директно влијае на белите дробови но и дека никој не презема конкретни чекори освен исти препишани мерки.
Министерството за животна средина два дена мереше дали е загадено па донесе препораки, бара да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола и со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати. Меѓу препораките е и забраната за горење на отворено.
„Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 g /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.“- велат од МЖСПП.
Додека Министерството за животна средина издава препораки, а Град Скопје се обидува да го рестартира јавниот превоз, останува да заврне или да дувне ветар за почист воздух.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје и Македонија се гушат во отрови…
Скопје и Македонија и понатаму на топ…
(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ…
Додека рускиот претседател Владимир Путин одговараше на…
Граѓански организации бараат дислокација на цементарница Усје…
Граѓаните повеќе не сакаат да чекаат на…
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
„Безбеден град“ ќе снима и она што…
Сценографијата на прес-конференцијата на Путин со Крим,…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја држи…