Слаткар се откажа од парите од Агенцијата за филм: Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари

t

Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што ќе се снима за него ќе се реализира без парите што му ги додели Агенцијата за филм. Тој вели дека ниту барал, ниту него му се дадени пари. Појаснува дека поддршка добил документарен филм што преку неговиот живот зборува за многу повеќе од него.

„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.
Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.

И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.
Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.
И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат ❤️

Светот ќе го чуе гласот на најтивките 💯
Се гледаме на премиера 💪“, објави Слаткар на Инстаграм.

Одлуката на Слаткар следи по реакциите во јавноста откако беше објавено дека Агенцијата за филм финансиски го поддржа снимањето на документарниот филм „Слушни ме!“ на Рaдован Петровиќ кој е биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој ја отвора темата за лицата со говорни и комуникациски потешкотии и нивното место во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаткар се откажа од парите од Агенцијата…

Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што…

Рубио: Американската политика кон Тајван не е…

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека…

Брнабиќ: Вучиќ успева во она што Тито…

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ,…

Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…

Кумановец урнал куќа која била заштитено културно…

Педесет и двегодишник од Куманово ќе се…