Објавено на:

Рубио: Американската политика кон Тајван не е променета

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема никаква промена во политиката на САД кон Тајвани дека Вашингтон сака да се зачува постојниот статус кво.

„Најважно е да се разбере дека сакаме да го видиме зачуван статус квото какво што е во овој момент. Тоа е нашата политика, тоа е она што сме го кажувале и тоа е она што продолжуваме да го кажуваме“, рече Рубио на сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

„Тоа е многу чувствителен однос што треба внимателно да се балансира, но нашата политика кон Тајван не се менува“, додаде тој.

Самитот одржан минатиот месец меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џипинг предизвика одредена загриженост во Таипеи во врска со посветеноста на САД да му помогнат на демократски управуваниот остров во неговата одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…