Словенија испраќа двајца офицери во Гренланд

t

Словенечката Вада на дописна сесија потврди дека двајца офицери на словенечката армија ќе бидат испратени на Гренланд, кои би можеле да патуваат на островот во наредните денови. Сесијата започна во петокот навечер и заврши денес во 10 часот наутро, објави N1.

Офицерите ќе учествуваат „во планирањето и спроведувањето на меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“ под водство на Данска. Вежбата се смета за европско средство за одвраќање од заканите од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека САД ќе го заземат Гренланд „мирно или на сила“.

Досега неколку земји испратија свои војници и офицери на Гренланд: Франција (15 војници), Германија (13 војници), Шведска (три офицери), Норвешка (двајца војници), Финска (двајца офицери), Холандија (еден поморски офицер) и Обединетото Кралство (еден офицер). Се очекува балтичките држави да се приклучат, додека не се очекува некои источноевропски земји и Италија да учествуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија испраќа двајца офицери во Гренланд

Словенечката Вада на дописна сесија потврди дека…

Најавен протести денеска во Данска и Гренланд…

Големи протести против најавите на американскиот претседател…

Шведски министер: Трамп ја преувеличува заканата од…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја преувеличува заканата…

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија, експлодирала цистерна

Поради страшна сообраќајна несреќа, штаерскиот автопат во…

Медведев: Европјаните ќе се фатат за рака…

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за…