Објавено на:

Шведски министер: Трамп ја преувеличува заканата од Русија и Кина кон Гренланд

t

Американскиот претседател Доналд Трамп ја преувеличува заканата што, според него, руските и кинеските бродови ја претставуваат за Гренланд, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Иако потврди дека големите сили имаат намера да го прошират своето присуство во арктичкиот регион, Јонсон ги отфрли тврдењата на Трамп дека островот е опкружен со голем број руски и кинески бродови, пишува Телеграф.

Трамп во повеќе наврати го користеше овој аргумент за да ги оправда своите планови за анексија на островот, богат со ретки метали, во наредните недели или месеци.

Европските лидери досега беа претпазливи во отвореното критикување на тврдењата и стратегијата на Трамп за преземање на островот од Данска. Јонсон е првиот висок функционер на НАТО кој, во знак на поддршка за соседна Данска, јавно изрази сомнеж во изјавите на американскиот претседател дека Гренланд е „насекаде опкружен со руски и кинески бродови“.

На прашањето дали Трамп го претерува бројот на непријателски бродови околу Гренланд, Јонсон одговори дека таквите тврдења не се совпаѓаат со проценките што ги прават за регионот. Тој наведе дека, иако има зголемување на бројот на кинески истражувачки бродови во Арктикот, обемот на тоа присуство е „ограничен“.

„Не мислам дека со тоа треба да се претерува, во најголем дел станува збор за истражувачки бродови“, додаде Јонсон. Неодамнешните податоци од системите за следење на бродови не покажале присуство на кинески или руски бродови во близина на Гренланд. Дански безбедносни експерти, исто така, остро ги отфрлија тврдењата на Трамп, оценувајќи дека бродовите за кои зборува се „плод на неговата фантазија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…