Смотрич до Мерц: Поминаа деновите кога Германците им диктираа на Евреите
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич побара извинување од германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата изјава дека „не смее да има де факто анексија на Западниот Брег“. Барањето на Смотрич дојде откако Мерц изрази загриженост за ситуацијата на палестинските територии во понеделникот, објави агенцијата „Анадолија“.
Во објава на социјалните медиуми доцна во понеделникот, Смотрич рече дека германскиот канцелар, во пресрет на Денот на сеќавањето на холокаустот, „треба да ја наведне главата и да се извини илјада пати во име на Германија, наместо да се осмелува да ни држи морални предавања за тоа како треба да се однесуваме кон нацистите од нашата генерација“.
Тој потврди дека Израел „нема да прифати инструкции од лицемерни лидери во Европа, континент кој повторно ја губи својата совест и способност да прави разлика помеѓу доброто и злото“. „Поминаа деновите кога Германците им диктираа на Евреите“, додаде Смотрич.
„Нашето враќање во земјата Израел – нашата библиска и историска татковина – е одговорот на сите оние кои се обидоа или се обидуваат да нè уништат, и за тоа нема да се извиниме ниту за момент“, заклучи тој.
Реакцијата дојде откако Мерц во понеделникот изрази „длабока загриженост“ за ситуацијата на палестинските територии, велејќи дека мора да се спречи „де факто делумна анексија на Западниот Брег“, пренесуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Смотрич до Мерц: Поминаа деновите кога Германците…
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич побара…
Макрон разговарал со Трамп и Пезешкијан, побарал…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал…
Би-Би-Си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката…
Полицијата во Грција регрутирала мигранти за насилно…
Обвинителот Смилевски го презема случајот „Талир 2“,…
Нов обвинител го презеде предметот „Талир 2“,…
Полицаец од Струмица „заработил“ 500 евра, посредувал…
Полицаец од Струмица посредувал за мирно решавање…