Обвинителот Смилевски го презема случајот „Талир 2“, се надева дека ќе го заврши пред да застари
Нов обвинител го презеде предметот „Талир 2“, во кој обвинети останаа да бидат само експремиерот Никола Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителот од скопското обвинителство, Кристијан Смилевски дојде на рочиштето на местото на доскорешната обвинителка Ленче Ристоска, која откако и беа одземени предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, си поднесе оставка.
Смилевски вели дека го проучил предметот и оти се надева дека ќе го заврши пред да застари, односно до крајот на август годинава. И денешното рочиште беше одложено, зошто по третпат не се појави сведокот на одбраната, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, кој бил на фамилијарно патување, за што адвокатот на Груевски достави авионски карти како доказ дека Божиновски не е во земјава.
Доколку експремиерот Груевски се врати, има право да побара ново судење, односно предметот да почне од почеток. На него му се суди и во „Талир 1“. Иако едното кривично дело му застаре, делото за „перење пари“, според толкувањата на Ристоска застарува во 2035 година. Во овие предметите кои го носат името „Талир“, замрзнато е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, како и други партиски имоти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…
Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…