Објавено на:

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

t

Според раководителот на швајцарската служба за мониторинг на глечери (Glamos), глечерите во Швајцарија ќе изгубат огромно количество мраз поради топлотниот бран што ја зафати Европа, пренеесува „Гардијан“. 

Како што е објавено, се очекува снегот и мразот што се наталожиле на швајцарските глечери во текот на изминатата зима, целосно да се стопат до понеделник. Тоа ќе биде пресвртна точка по која секое понатамошно топење до октомври, ќе значи директно намалување на големината на глечерите во швајцарските Алпи.

Во податоците што се водат од 2000 година наваму, единствениот случај кога оваа точка била достигната порано бил во 2022 година, на 26 јуни. Оваа загрижувачка состојба е резултат на сегашниот топлотен бран, како и на оној во мај, а сето тоа следува по уште една зима со недоволно снежни врнежи.

„Во моментов гледаме огромно топење на снегот и мразот низ целите Алпи“, изјави во петокот за AFP директорот на мрежата „Гламос“, Матијас Хус, додека повеќе метеоролошки станици во Швајцарија бележат нови рекордно високи температури.

Во текот на овој век, оваа пресвртна точка во просек била достигнувана во средината на август, што е лоша вест за швајцарските глечери, кои се намалуваат со запрепастувачка брзина.

Голем дел од водата што се влева во реките Рајна и Рона, две од најважните европски реки, потекнува токму од алпските глечери.

Хус рече дека штотуку се вратил од глечерот Рона и дека за само десет дена од неговата претходна посета еден метар мраз се стопил во вертикална насока.

„Навистина е впечатливо да се види, а ова е само последица од топлотниот бран. Колку повеќе денови со многу високи температури ќе има, без разлика дали станува збор за 35°C или 40°C, тоа е многу лошо за глечерите“, изјави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот и мразот на швајцарските глечери се…

Според раководителот на швајцарската служба за мониторинг…

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се…

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш…

Данска со највисока температура откако почнале мерењата…

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал…

(Фото) Трамп објави нова АИ фотографија: Сега…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи…

Во Тирана и денеска на протест се…

Илјадници албански граѓани вечерва протестираат во Тирана…