Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!
Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите.
Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината, не ги обесхрабрило, туку им е дополнителна мотивација уште погласно да ја бараат правдата.
Родителите на починатите во кочанската трагедија денеска на 46. Марш за ангелите реагираа и на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите.
-Наместо правда пред законот дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур. На последното рочиште не видовме борба за вистината, туку се уверивме колу лесно во судница центарот на вниманието може да биде дозволен бунт, реакција и заштита на обвинетите од вистината. Дали ова ќе се применува и откако обвинетите ќе ги изведуваат своите докази и на нас оштетените ќе ни дозволи судот да се отргнува вниманието од суштината и од нивната теза. Еве јавно прашуваме. Напуштањето на судницата од страна на оштетените е поддршка на обвинителката Наташа Сарамандова и на целото обвинителство што го води овој случај. Ние нема да се откажеме и натаму да го следиме секој момент и неправда и ќе се бориме до последен момент за вистината – рече Александар Наунов, татко на Надица Наунова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Бремена жена со хематоми по телото пријавила…
Четириесет и двегодишна жена од Босна и…
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…