Со возилото удриле во паркиран камион: Детали за сообраќајката во Словенија во која загинаа тројцата македонски државјани
Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа на приморскиот автопат во Словенија, на делницата меѓу Унец и Равбаркоманда во правец кон Копер, јавија словенечките медиуми.
Според првичните информации на словенечката полиција, во несреќата учествувале камион и патничко возило. Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.
Во автомобилот имало пет луѓе и сите биле државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт кај тројца. Еден од повредените со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач на автомобилот бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.
Несреќата била пријавена во 16:28 часот, по што на местото веднаш биле испратени повеќе полициски патроли и пожарникари. Увидот сè уште трае, а на местото се упатиле и државен обвинител и истражен судија. Полицијата најави дека повеќе детали за причините и текот на несреќата ќе објави по завршувањето на првичните истражни дејствија.
Поради несреќата автопатот кон Копер е затворен, а се создадени долги колони. Полицијата ги извлекува возилата кои останале заглавени во сообраќајниот метеж, додека товарните возила се пренасочуваат кај Логатец. Возачите се предупредуваат да не ги напуштаат автомобилите додека се наоѓаат во колоната, бидејќи тоа може да биде опасно.
За кратко била затворена и спротивната насока кон Љубљана поради слетувањето на медицинскиот хеликоптер, но сообраќајот таму во меѓувреме е повторно воспоставен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со возилото удриле во паркиран камион: Детали…
Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца…
Бугарин во Хрватска лажел дека е доктор:…
Полицијата во Осиек уапси 23-годишен бугарски државјанин…
Трамп: Путин нема да нападне територија на…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
(Фото) Огнот кај Арнакија се шири на…
Пожарот кој избувна кај Арнакија се шири…
Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во…
Тројца македонски државјани загинаа, а уште две…